Бизнис
10. July 2020 - 19:48

Синдикатот на Управата за водење матични книги обвинува дека немаат заштита - Управата демантира, заштита има

Еден починат, неколку затворени одделенија заради голем број заболени и вработени во изолација. Синдикатот на Управата за водење матични книги предупредува дека работниците во овие институции не се заштитени односно раководствто не ги набавува потребните средства за заштита од корона вирусот. Досега синдикатот од сопствени средства набавувал опрема, сега бараат Управата да си ја преземе обврската.

Од Управата за водење матични книги велат дека тврдењето на синдикатот не е точно.

„Со почетокот на пандемијата и првите насоки од Кризниот штаб за заразни болести, Управата за водење на матичните книги набави ракавици, заштитни маски и средства за дезинфекција на раце за вработените. Тоа од почетокот на пандемијата до денес се одвива во циклуси по два пати месечно. На вратите на Подрачно одделение Скопје (поранешна Комерцијална банка) има и обезбедување кое се грижи да нема турканици и повеќе лица пред шалтерите, со цел задолжително држење на социјална дистанца“.

За да се намали ризикот од ширење на вирусот, надлежните постајано апелираат наместо со физичко присуство, административните обврски да се вршат електронски преку порталот uslugi.gov.mk .