Синдикатот на полицијата поднесе пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски

Синдикатот на полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Како што се посочува во соопштението од Синдикатот, пријавата е поднесена поради постоење на основано сомнение дека тој својство на службено лице – поранешен министер во МВР со пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената положба и овластувања кои ги имал ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „Несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
-Во конкретниот случај постои основано сомнение дека пријавениот О.С. со злоупотреба на службената положба и овластување, со непочитување на здравствените прописи кои важеле во тоа време како и преземање на мерки и службени дејствија за време на спреченост на работа односно додека бил на боледување и непочитувајќи ги прописите за заштита од прописите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за заштита од вирусот „Ковид 19“ своерачно и незаконски потпишал две решенија за распоредување, се вели во соопштениеот од Синдикатот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
