Македонија
25. December 2019 - 14:10

Синдикатите во здравството со поддршка за утрешниот протест на здравствената администрација

Самостојниот синдикат за здравство и фармација денеска одлучи да го поддржи утрешниот протест на администрацијата и помошно техничкиот персонал кој ќе биде пред Министерството за здравство.

Административците очекуваат поддршка и од Синдикатот на клинички. Околу 7000 возачи, болничари, правници, сметководители од болниците и Клиниките ќе протестираат бидејќи и покрај преговорите со здравствените власти не добиваат зголемување на платите од февруари, кога поголем личен доход треба да добијат медицинските лица.

Образложението на министетството за здравство е дека овој персонал не може да се оддели од државната администрација и за нив важеле Законот за јавна админисѕрација.

 

Сања Димитровска