Синан Сакиќ во критична состојба: 12 лекари се борат за неговиот живот, неговата сопруга се огласи со потресна порака
Синан Сакиќ се наоѓа во критична состојба во Клиничкиот центар во Тузла, каде тим од 12 лекари се борат за неговиот живот.
Синан е на интезивна нега поради енцефалопатија на црниот дроб, а неговата сопруга Сабина Сакиќ преку Фејсбук се огласи со порака која е многу загрижувачка и ги растажи неговите фанови и заеднички пријатели.
„Драги мои, морам да ве известам дека Сакиќ е во тешка, по живот опасна ситуација. Професорот Нермин Салкиќ и конзилиум од 12 лекари со УКЦ Тузла се грижат за него. Се надевам дека ќе се молите за неговото здравје“, напиша Сабина покрај една фотографија на која се наоѓа тој и лекарот.
Да потсетиме, Синан на 3 јуни на Ташмајдан во Белград одржа голем солистички концерт. По тоа, тој уредно се појави во емисиите, а неколку пати даваше изјави за порталите. Велеше дека се чувствува добро, но сепак во септември е примен во болница во Тузла.
Тогаш рече дека брзо ќе излезе од болница, и дека нема причина за грижи.
„Драга фамилијо, пријатели, резултатите се ок. Немојте да се грижите, секој 6 месеци работиме на барање на проблемите. Ви се заблагодаруваме со целосниот персонал, докторите, сестрите и сите други. Утре одиме во Клиничкиот центар во Белград на дополнителни снимања“, беше наведено тогаш од страна на сопругата на Синан.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа