Сина боја на фасадите во чест на лицата со аутизам во Струмица
Фасадата на објектот каде се наоѓаат специјалните паралелки на децата со аутизам во Струмица доби сина боја. Во пресрет на утрешниот празник, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, ООУ „Сандо Масев“ со поддршка од општината, одвои средства за боење на фасадата во меѓународно признатата боја на оваа категорија на граѓани.
- Ако треба сите фасади ќе ги обоиме сино, само да знаат лицата со аутизам дека не се сами. Ова е пораката што сакам да ја пренесам оттука. Овие лица се тука со нас, нивниот број расте и ние треба да прифатиме и да ги прифатиме во системот. Еден од начините е школувањето како неопходност. Не само основно, туку да им овозможиме и средно образование и можност за вработување, истакна претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.
Тој посочи дека мошне важно е да се зголеми процентот на вработени лица со аутизам, кој сега изнесува десетина проценти, иако експертите велат дека до 70 отсто може да влезат во работен процес. Во Струмица од учебната 2006-2007 година функционира паралелка за деца со аутизам.
- Секоја година напоменуваме дека секој ден вниманието треба да биде свртено кон овие деца. Тие се наша реалност. Следната декада ќе имаме исто толкав број лица со аутизам, но сега возрасни. Затоа мора да бидеме подготвени и на ниво на развој на возрасни лица треба да се направи уште многу, појасни Спасе Додевски, дефектолог-олигофренолог.
Локалните власти најавија дека од општинскиот буџет се одвоени средства за сензорна соба наменета за децата со аутизам/
Ново на Сител
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
Романија покажа што значи „сплотени за извонредност“
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил
-
Полицаец ги казнил за сообраќаен прекршок, па му упатиле закани по живот преку социјална мрежа
-
17-годишник од Скопје пробал да го убие својот татко со остар предмет