Македонија
13. April 2018 - 15:28

Симпозиум „Акушерска анестезија и периоперативна безбедност“ во Скопје

Американско - македонски симпозиум од областа на „Акушерска анестезија и периоперативна безбедност“ ќе биде отворен вечер во Скопје, во организација на Македонската асоцијацијата на анестезиолози.

Симпозиумот, кој ќе трае до 15 април, ќе го отвори ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ проф.д-р Никола Јанкуловски.

На симпозиумот ќе учествуваат експерти од Македонија, Србија, како и од повеќе универзитети во Америка.