-->
-->
Симовски закажа собир во понеделник
-->

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија Симе Симевски, го објави спискот на ракометарки за собирот во рамките на неделата на ЕХФ за репрезентативните селекции (13-19.03.2017 година).
Симовски се реши за 22 ракометарки, кои ќе се подготвуваат за квалификациските дуели против Шведска за пласман на Светското Првенство во Германија 2017.
На листата повикани се наоѓаат: Матеа Серафимова, Драгана Петковска, Љупка Белмезова, Наташа Антиќ, Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Габриела Величковска, Елена Георгиевска, Ангела Тодоровска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Душица Георгиевска, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристевска, Наташа Нолевска, Марија Прленда, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска.
Македонија, двата натпревари против Шведска ќе ги одигра во јуни 2017 година.
Собир ќе се одржи во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје, на 13 март 2017 (понеделник) со почеток од 10 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
