-->
-->
Силва од Монако во Манчестер Сити
-->

Португалецот Бернардо Силва е првото засилување за Манчестер Сити. Тој за „граѓаните“ потпиша петгодишен договор, а неговиот досегашен клуб Монако на име на обештетување ќе добие околу 50 милиони евра.
22-годишниот Силва имаше успешна сезона во дресот на Монако, постигна 11 голови, а имаше и двоцифрен број асистенции, притоа со својата екипа ја освои титулата во Франција и беше полуфиналист во Лигата на шампионите.
- Да бидам искрен, сега сум во еден од најдобрите тимови од светот. Кога ќе добиете шанса да работите со тренер како Пеп Гвардиола, не може да се одбие таква понуда, изјави Силва.
Кариерата ја почна како играч на Бенфика, а потоа замина во Монако како позајмен играч. Откако заврши позајмицата тој потпиша договор со Монако.
Во Манчестер Сити Силва ќе настапува во дресот со број 20.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
