Македонија
14. September 2023 - 20:41

Силувана 81-годишна жена од струмичко

Нападната и силувана 81 годишна жена од струмичко. Грозоморниот чин се случил вчера во раните утрински часови во домот на жената.

Според првичните информации околу 3 часот и 30 минути додека таа спиела напаѓачот влегол во нејзиниот дом и со употреба на сила го извршил чинот на обљуба. За случајот е осомничено 25 годишно лице од село Косевица од општина Каменица. Лицето веќе е приведено и против него е покрената постапка.

,,На 13 септември  во 22.30 часот во струмичко село, полициски службеници од полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.25 од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко. Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, вели Александра Трајанова, портпарол на СВР Струмица. 

Случајот го потврдија и од струмичкото обвинителство од каде што информираа дека веќе работат на негово расчистување. Од нивна страна била побарана и мерка притвор.