ОН „силно се спротивставува на каква било ескалација“ на војната во Газа
ОН силно се спротивставува на проширувањето на израелската офанзива во Појасот Газа, објави ДПА, повикувајќи се на синоќешната изјава на заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак, во Њујорк.
-Категорично сме против каква било ескалација на конфликтот, рече Хак. „Тоа е веќе исклучително деструктивно“, додаде заменик-портпаролот на ОН.
Според Хак, конфликтот веќе предизвикал „повеќе од 60.000 жртви“ во речиси двегодишните борби.
-Постои можност за огромно човечко страдање, вклучително и потенцијално гладување, што би можело да се влоши ако конфликтот ескалира“, додаде портпаролот.
Неговите коментари дојдоа откако израелскиот кабинет за безбедност се состана за да разговара за понатамошните чекори во војната во Појасот Газа.
Израелскиот кабинет за безбедност утрово одобри план за заземање на градот Газа, што означува нова ескалација во 22-месечната офанзива на Израел, која започна како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори