Силно невреме во Албанија: Евакуирани граѓани, блокирани патишта, поплавени домови
Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата.
Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат и да го намалат нивото на водата. Во изминатите неколку часа, поради силните ветрови, имало големи бранови во морето, поради што два траекти кои сообраќаат на релацијата Валона – Бриндизи (Италија) не можеле да испловат утрово од пристаништето во Валона, а околу 300 патници останале блокирани. Силните врнежи поплавиле и неколку автопатишта во Албанија, а ризик од поплавување им се заканува и на повеќе куќи. Според информациите, сообраќајната полиција веќе интервенирала и евакуирала граѓани кои биле заробени во своите возила, а сообраќајот на дел од патиштата се одвива отежнато.
Во меѓувреме, метеоролозите предвидуваат дека слични временски услови, силни дождови и ветер, ќе преовладуваат во текот на целиот ден.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора