-->
-->
Силни ветрови по вторпат го одложија лансирањето на товарниот вселенски брод „Сигнус"
-->
Силните ветрови го одложија вчера, втор последователен ден, лансирањето на товарниот вселенски брод „Сигнус", соопшти НАСА, цитирана од ДПА.
Беспилотниот вселенски брод треба да достави 3.000 килограми храна, опрема за научни експерименти и резервни делови на Меѓународната вселенска станица.
Мисијата првично беше планирана за в четврток, но беше одложена поради временските услови. Се очекува ракетниот носач кој ќе го однесе бродот во орбита, да биде лансиран денеска од космодромот Кејп Канаверал, Флорида.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ