Силни ветрови направија хаос во Шкотска: Камион оддуван од патот, друг падна врз полициско возило
Ветрови проследени со дожд и грмежи во Велика Британија дуваа и до 100 км/час, а на автопатот А1 се преврте камион кој потоа смачка полициско возило.
Несреќата се случила на автопатот меѓу Хадинтон и Дунбар во Шкотска кога полициско возило пренасочувало сообраќај. Ветерот тогаш го оддувал камионот од патот.
Друг камион потоа се превртел врз полицискиот автомобил. Полицаецот кој дошол на местото на настанот е полесно повреден.
„Мора да го затвориме А1 веднаш. Камион само што се преврте врз моето патролно возило. А вчера го исполирав“, твитна шефот на полицијата Стјуард Карле.
Метеоролозите за подрачјето на Англија и Шкотска издадоа жолто предупредување дека силни налети од ветер веројатно ќе предизвикаат доцнење во железничкиот и аптниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти