Силни експлозии во Дамаск
Силни експлозии одекнаа минатата ноќ во реонот на сирискиот главен град Дамаск, но засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.
Сириските државни медиуми објавија дека експлозивите биле предизвикани од проектили лансирани од Израел.
Ваквите наводи ги потврди и сириската противвоздушна одбрана, која соопшти дека лоцирала оти „непријателски проектили долетале од окупираните територии“, алудирајќи на Израел и дека „уништила поголем број“ од нив.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека израелската армија извршила ракетни напади врз цел во околината на Дамаск.
Израел досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите наводи. Изминативе месеци израелските сили во неколку наврати соопштија дека извршиле напади врз цели во Сирија поврзани со Иран и проиранското либанско движење Хезболах, кои во сирискиот конфликт се сојузници на властите во Дамаск.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање