-->
-->
Силни безбедносни мерки за годишнината од студентскиот бунт против хунтата во Атина
-->
Од денеска, постепено стапуваат во сила мерките на грчката полиција, паралелно со почетокот на тридневните манифестации за одбележување на годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата што ќе кулминираат во недела на 17 ноември, кога грчката престолнина ќе биде под драконски безбедносни мерки, јави дописничката на МИА од Атина.
За безбедноста во недела, кога како и секоја година ќе се одржи протестен марш од Политехничкиот факултет (местото од каде што почна бунтот во 1973) до Амбасадата на САД во Атина, ќе бидат ангажирани над 5.000 полицајци, дронови и хеликоптер.
Под посебно полициско обезбедување ќе бидат владините објекти, министерства, амбасади и слично, а според медиумите во Грција, за безбедноста на американската Амбасада ќе биде поставена блокада од 17 полициски автобуси.
Во недела за прв пат на улиците ќе излезе и новоформираната полициска единица „Драси“, односно полицајци на мотори кои ќе се движат низ центарот на Атина, а во состојба на готовност ќе бидат и цистерните со вода за растерување демонстранти.
Грчката полиција веќе почна да спроведува дел од мерките. Она што е карактеристично е што уште од вчера, отстранети се сите канти за отпадоци во центарот на Атина.
Во фокусот на грчката полиција е атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на анархисти и населба во која секоја година, по завршувањето на традиционалниот марш се случуваат сериозни инциденти меѓу маскирани лица и полицајци. Особен акцент, полицијата ќе стави на спречување на нападите на маскираните лица со предмети и молотови коктели од балконите на зградите, а според АНА-МПА, за да се избегне реприза на ваквите инцидентите од изминатите години, задолжени ќе бидат дроновите на грчката полиција кои ќе ја следат ситуацијата.
Весникот „Та неа“ пишува дека уште рано наутро во недела, полицијата ќе биде во Ексархија, во улога на набљудувач за евентуални сомнителни движења и проверка на ранци во кои би можело да има молотови коктели.
-Полицијата ги презеде сите неопходни мерки и ќе направи се што е можно за непречено да се одржат манифестациите за Политехничкиот факултет. Во готовност сме и ќе ги заштитиме, меѓу другото, јавните објекти, особено академските институции, вели за грчката новинска агенција АНА-МПА, извор од грчката полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност