Силна порака на Наташа Беквалац која допре многумина
Поп ѕвездата Наташа Беквалац моментално поминува низ многу стресен период од животот, имајќи предвид дека Лука Лазукиќ - нејзиниот сопруг ја претепа пред неколку дена а таа заврши во болница.
Како што пренесуваат извори блиски на парот бракоразводна парница би требало да се случи во експресен рок.
На оваа барбика од Нови Сад ова ќе и биде трет пат да поминува низ ваков стресен и мачен период, но нема сомнение дека и сама ќе се сети на зборовите во емисијата „Амиџи шоу“ во јули 2017 години, во првото интервју по разводот од Љубе Јовановиќ.
-Во јавноста на мојот развод се гледаше како тоа да се случило ненадејно, но тоа е затоа што не сум одела од еден до друг медиум да кукам како ми е лошо во бракот. Без разлика што на равзодот се гледа како на една од најстресните работи во животот секако дека е , но многу постресно е она што му претходи на разводот. Разводот е само генерално работа на одлука. Во принцип никој не се разведува бидејќи му е добро, па така се тоа што дојде после е подобро од што било-рекла тогаш Наташа, а потоа образложи зошто не и значат секојдневните приказни кои ја следат.
-Многу си го сакам животот и секој момент во него. Животот толку брзо поминува што сега би и угодувала на некој околина која секако не го дели со мене ниту најтажните ниту најубавите моменти. Медиокретите одамна ги надминав. Убаво е кога слушнете убаво за себе, но не робувам на тоа поради тие убави работи кои некој би ги рекол да живеам еден несреќен живот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија