Силјановска: Сега кога треба сами да направат реформи, од реформа нема ништо

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Македонска Каменица.
Пред присутните граѓани Силјановска Давкова истакна дека Заев и СДСМ се 4 години на власт, сега две години и претходно во техничка влада, потенцирајќи дека освен што го променија името на државата немаат направено ниту една реформа.
-Се е чудно во тој заевизам и чувме сега уште и јазично чудо чувме, човекот небаре е Блаже Коневски почна да го дополнува македонскиот јазик со нов збор кој никој не знае што значи, значи како завидлизам. Завидливост знам што е, но на што да му завидуваме? На што? Па да му завидуваат луѓето од 27-ми зошто тој не беше осуден туку беше ослободен. Му завидуваат луѓето дека го помилувале. Му завидуваат луѓето дека што сака прави, од работи на Охрид до простување на долгови, се што сака прави. Си зборува некој специјален јазик, никој не го разбира, англиски никој не го разбира, ама и македонски сега почнавме да не го разбираме, ама таков си сакаат луѓето од надвор. Јас понекогаш не е убаво може да кажам, велам па тоа што Катица е машки, женски Заев, Заев ви е женска Катица, посочи Силјановска и додаде:
„Затоа државата место напред, не само што не оди напред туку не стои во место, оди назад и тоа сега го слушаме деновите. Сега велат добро е вие си го сменивте името, договор си донесовте, ама сега бујрум да видиме ние што станува со владеењето на правото со критериумите , европски, со просперитетната економија, со корупцијата и криминалот, со непотизмот, со неспособната администрација, е сега гледајте уште месец два. Тие не се две години на власт, 4 се. Беа во техничката влада, ако вие не сте направиле сите ли Преспанскиот договор и со законот за употреба на јазици се занимаваа. Не, ама изгледа само со тоа се занимаваа тоа им го диктираа. Сега кога треба сами да направат реформи, од реформа нема ништо. И јас сум убедена дека ние напролет нема да добиеме датум затоа што Европската Унија сама си има проблеми и не и треба уште едно гајле наречено Западен Балкан, затоа мислам дека беше многу пологично, многу подомаќински, многу попаметно прво вие реформите да си ги решите, па тогаш можеби и прашањето за името кога ќе бидете здраво демократско општество или на патот на оздравувањето на лекувањето, тогаш и поинаку ќе се однесуваа кон нас во поглед на името.“
Ново на Сител
-

Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели традиционалните награди „13 Ноември“
-

Трамп во интервју за „Фокс Њуз“ за тужбата против Би-Би-Си: Мислам дека имам обврска да го направам тоа
-

Средба на премиерот Мицкоски со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот и потпишување договор за соработка
-

Во Белград конференција „Western Balkans 2030“, меѓу учесниците потпретседателот на Владата Стоилковиќ, министерката Божиновска и министерот Муртезани
-

Формирањето влада во Холандија западна во ќорсокак
-

Во напади со дронови во Русија оваа година загинале 392 лица
-

Сончево, претпладне со услови за магла по одделни котлини
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
