Сиљановска Давкова подготви 50 оброци за социјално загрозени семејства и ранливи категории деца
Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска во Граѓанскиот штаб подготви 50 оброци за социјално загрозените семејства и ранливи категории деца.
Сиљановска Давкова како што и самата во текот на изборната кампања во првиот изборен круг истакна дека ќе биде првата амбасадорка за борба со сиромаштијата, односно дека ќе биде постојано со граѓаните, бидејќи проблемите на граѓаните ќе бидат и нејзини проблеми.
Штитениците на СОС детско село веќе ги добија оброците кои ги подготвивме! Им благодарам на сите што учествуваа. Ќе се држам до заклетвата дадена пред Банка за храна дека во мојот мандат ќе работам на намалување на сиромаштијата и искоренување на гладта. Оваа акција на подготовка на храна за најранливите ќе биде традиционална откако ќе станам Претседателка. Ќе го вклучам целиот државен врв и дипломатскиот кор во земјата, додаде Сиљановска Давкова.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници