Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
Резолуцијата за Македонија што ја изгласа бугарскиот Парламент е навредлива и со неа во старт се оневозможува заедничкото чекорење низ дијалог, оцени денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Таа очекува во Европскиот парламент (ЕП) да биде поддржана Резолуцијата која ги гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Во спротивно, како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања, тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на ЕП.
Сиљановска Давкова се уште не може да прецизира дали на претстојниот Самит на НАТО во Хаг ќе има средба со бугарскиот колега.
- Ова е уште една, веќе имало неколку резолуции, меморандуми и сите се повикуваат на нив. Се разбира, навредливо е такво нешто да се направи зашто во стартот го оневозможувате заедничкоот чекорење низ дијалог. Суштината на Преамбулата во Договорот за добрососедство и пријателство е таа, да помагаме. Можете да помогнете некому со разбирање. Мислам дека не е во ред. Се разбира, во друга држава сега би следела иста таква декларација во Парламентот, но мислам дека аргументите што ги изнесуваме, иако многу велат ништо не сме правеле во овој период, јас тврдам дека немало претседател, министер, премиер со кој сум седела, а не сум му ги објаснила нашите позиции ама не низ призма на нашиот Устав, туку низ призма на нивните уставни документи. Ако не се почитуваат тие, тогаш не може ЕУ да биде филозофија оти филозофија, што би рекол господинот Макрон ама и студентите на Сорбона, без почитување принципи и вредности нема, без нив ЕУ не е политичка заедница, туку е политичка и бирократска машинерија. Тоа не треба да биде ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ зашто е инспиративна или според актите, а и според постапувањето токму во поглед на почтиувањето на овие принципи и вредности, нагласи претседателката.
Во однос на Резолуцијата која ги гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик, Сиљановска Давкова очекува во Европскиот парламент да биде поддржана.
-Се разбира дека очекувам поддршка, но искрено, не очекував во 21 век во Европскиот парламент да прочитам или да чујам некои амандмани, замислете во 21 век да оспорувате нечиј идентитет. Тоа е непознат феномен, особено што седите во институција која е дел од ЕУ во чии основни, конститутивни документи како Договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, се гарантира почитувањето на националниот и културниот идентитет, на човековиот дигнитет и интегритет. Тоа е нешто шокантно. Значи, очекувам Резолуцијата да биде поддржана, зашто во спротивно тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на Европскиот парламент, нагласи Сиљановска Давкова.
На прашањето за евентуална средба со бугарскиот колега на Самитот на НАТО во Хаг, одговори дека не може точно да каже дали тоа ќе се случи
- Не можам точно да ви кажам, но јасно ви е дека не само овде, во Брисел или во некои главни градови за тоа се разговара. Кога бев и во посета на Казахстан разговарав за овие прашања со многу од присутните таму, потенцира претседателката.
Таа уште еднаш порача за клучните прашања да решаваме со консензус, да не одиме надвор пред да се договориме дома.
Ново на Сител
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
-
Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени
-
ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари
-
Родители се расправаат со негувател во Зоолошка додека со децата висат на заштитна ограда | ВИДЕО
-
Приведено 11-годишно дете од Куманово, го фатиле како краде од продавница
-
84-годишник тешко повреден откако малолетник со електричен тротинет удрил во него
-
На Табановце уапсени унгарец и србин, пренесувале кокаин, амфетамин, кетамин и МДМА таблети