Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на осмото издание на Парискиот мировен форум, очекува дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици.
-Чест е да се биде дел од отворањето на Парискиот мировен форум, којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“. Очекувам плодни дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици: мирот и безбедноста, климатските промени, дигиталната трансформација, социјалната кохезија, напиша претседатеолката Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил.
Како што претходно информираа од нејзиниот кабинет, Сиљановска Давкова ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“, на која ќе се дискутира - како подлабоката регионална соработка може да создаде конкретни можности за младите преку заеднички инвестиции во образованието, мобилноста, иновациите и социјалната инклузија.
На сесијата ќе се разгледа и прашањето како ангажманот на младите може да стане столб на демократската обнова и интеграцијата во Европската Унија.
Претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствува на вечерата, којашто во чест на високите гости на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.
MИА
Ново на Сител
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
-

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол
-

Приведени две лица од дебарско поради грабнување и силување
