Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври - Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната на државата, нагласувајќи дека оперативната подготвеност се темели врз знаење, дисциплина и способност за навремено и ефикасно дејствување.
Осврнувајќи се на современите безбедносни предизвици, претседателката укажа на потребата од постојано унапредување на одбранбените капацитети и одржување на високото ниво на подготвеност на Армијата.
За неа, членството во НАТО, усогласувањето со стандардите на Алијансата и учеството во заедничките активности се потврда дека нашата Армијата е кредибилен и доверлив сојузник, а јасните критериуми и доследното вреднување на постигнатото треба да бидат принципи и во процесот на европската интеграција.
Сиљановска-Давкова ја истакна улогата на припадниците на Командата за операции во справувањето со природни непогоди, пожари и други кризни состојби, како и нивниот придонес во заштитата на граѓаните, потсетувајќи дека доделеното одликување „Орден за воени заслуги“ е признание за унапредувањето на армиските капацитети и зајакнувањето на борбената готовност.
На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.
„Почитувани припадници на Армијата, Чест ми е да го одбележиме 17 Октомври - Денот на Командата за операции, една од клучните алки во одбранбениот систем на државата. Иако безбедносните предизвици постојано се менуваат, вашата мисија останува иста - заштита на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на граѓаните. Современите закани бараат постојано унапредување на способностите, подготвеност за новите технологии и брзо и ефикасно дејствување. Како членка на НАТО, нашата држава потврдува дека и мала армија може да биде кредибилен и доверлив сојузник. Вашата обученост, професионалност и учеството во меѓународните мисии се значаен придонес кон колективната безбедност и мирот. Подготвеноста на Командата за операции ја потврдуваат оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамките на вежбата „БЛЕСОК 26“, учеството во мировните мисии и вашиот ангажман при природни непогоди, пожари и други кризни состојби. Доделувањето на „Орденот за воени заслуги“ е признание за вашиот придонес во унапредувањето на армиските капацитети и борбената готовност, но и обврска да продолжите да ја оправдувате довербата на државата и граѓаните. Како врховна командантка, ви изразувам искрена благодарност за вашата професионалност, посветеност и одговорност. Продолжете да ги надградувате своите способности, да ги следите безбедносните промени и да ја чувате довербата на граѓаните. Со вас се чувствуваме безбедни и сигурни. Нека ви е честит 17 Октомври - Денот на Командата за операции!“, изјави Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
