Сиљановска-Давкова ќе учествува на Балканскиот форум за интеграција 2025 во Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на Балканскиот форум за интеграција 2025 што ќе се одржи во Подгорица во организација на Европското движење во Црна Гора и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, соопштија попладнево од нејзиниот кабинет.
Предвидено е Сиљановска-Давкова да се обрати на сесијата насловена „Претседателите за ЕУ интеграциите - Имаме ли план?“, како и да оствари билатерална средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
- Во фокусот на Балканскиот форум за интеграција се геополитичките предизвици во светот, ЕУ и регионот на Западен Балкан, како и клучните области во евроинтегративниот процес: основните човекови слободи и права, владеењето на правото, доброто управување, безбедноста, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Покрај државни функционери од регионот, на Форумот ќе учествуваат истакнати експерти за европски интеграции и претставници од бизнис-секторот, посочуваат од кабинетот на претседателката.
МИА
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци
-

Повреден возач во сообраќајна несреќа во Куманово
-

Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците
-

Акциска контрола во Кичево, музичари од БиХ настапувале во угостителски објект без соодветна дозвола
-

И Вишиот управен суд потврди дека тужбата на Левица против АВМУ е неоснована
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември
-

Снежна бура во САД: Откажани речиси 500 летови, верижен судир помеѓу 45 возила во Индијана
