Сиљановска Давкова - Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во повеќе сектори меѓу Македонија и Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван оствари средба со претседателот на Република Еременија, Вахан Хачатурјан, на којашто обајцата изразија подготвеност за продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката.
-Препознаваме почеток на ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во: информатичките технологии и дигиталните услуги, земјоделството, прехранбената и фармацевтската индустрија, туризмот, како и секторите базирани на иновации и знаење, напиша попладнево во објава на Фејсбук претседателката Сиљановска-Давкова.
Ерменскиот претседател се заблагодари за посетата и учеството на Сиљановска-Давкова на 8.Самит на Европската политичка заедница. Тој истакна дека е голема чест, иако не се земја-членка на Европската Унија, да бидат домаќини на овој настан.
Во денешната прва билатерална средба двајцата претседатели препознаваат почеток на ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка.
Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, се заблагодари за гостопримството и организацијата на Самитот, оценувајќи дека Европската политичка заедница постепено се афирмира како значајна платформа за европско единство, дијалог и координација во соочувањето со заедничките предизвици.
Претседателите се согласија дека визните олеснувања и директните авионски врски би придонеле за унапредување на економската соработка и трговската размена во иднина, коишто се на ниско ниво.
Областите во коишто препознаваат можности за отпочнување на соработка се: информатичките технологии и дигиталните услуги, земјоделството, прехранбената и фармацевтската индустрија, туризмот, како и секторите базирани на иновации и знаење.
Тие укажаа на потребата од склучување билатерални договори и поттикнување на директни контакти меѓу бизнис-заедниците, преку организирање бизнис-форуми.
За Сиљановска-Давкова, за зближување на двата народа особено се важни: културната дипломатија, образовната и академска соработка, како и студентската размена преку програмата Еразмус плус, во којашто обете држави учествуваат.
Таа ја истакна улогата на ерменската заедница во земјава, којашто е малубројна, но угледна и почитувана.
Претседателката го поддржа продлабочувањето на соработката на Ерменија со Европската Унија, напорите за усогласување со европските политики и стандарди, како и посветеноста на реформите, особено на владеење на правото.
Хачатурјан посака успех на македонскиот пат кон ЕУ.
Двајцата претседатели, како што се наведува во соопштението, упатиле меѓусебни покани за официјални државни посети во иднина.
Македонската претседателка престојува во работна посета на Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“.
Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, ќе учествува на тркалезната маса „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“, со која ќе претседаваат премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе. Во дискусијата е предвидено учество на премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка и Обединетото Крaлство, сојузниот канцелар на Австрија, генералниот секретар на ОБСЕ, како и на претседателката на Европската комисија.
Ново на Сител
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
