Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт

Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше. Јас бев во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател и мислам дека многу лесно можете да донесете одлука, им порача на гласачите Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по искористувањето на своето право на глас за претседателските избори на избирачкото место 2866 во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје.
- Ако се познава денот по утрото, а мислам на вчерашното утро, тогаш дојде нешто што јас на последниот ден од митингот го нареков – дојде време, дојде час да си замине оваа власт. Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат и знаат да си го искористат избирачкото право. Ако победам, а мислам дека сигурно ќе влезам во вториот изборен круг, сметам дека она што го видов од вчерашните резултати е добар граѓански показател, изјави Силјановска Давкова.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
