Силјан Мицевски на распит
Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска дојде и Силјан Мицевски кој треба да даде исказ за случајот „Рекет“.
Мицевски кој по вторпат е повикан во Обвинителството, треба да даде појансување за парите кои наводно ги уплатил на сметката на пензионерка од Скопје наместо на Меѓународниот сојуз на првоосомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, и заради што ги дал средствата.
На влегување во Обвинителството, Мицевски за медиумите изјави дека парите не биле уплатени на сметка на Тодоровска, туку на сметката на Меѓународниот сојуз. најави дека ќе бара парите да му бидат вратени.
Пред Мицевски, во Обвинителството беше и водителката Лила Филиповска која повеќе од еден час даваше исказ за „Рекет“. Таа на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.
Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови