Силите поддржани од САД во Сирија заробија странски команданти од Исламската држава

Сириските милиции, поддржани од САД, во текот на борбите за градот Рака, заробиле високи странски команданти од Исламска држава, но засега не е познато дали ќе ги вратат во родните земји откако ќе им биде судено, изјави портпаролот на вооружената коалиција Сириски демократски сили (СДФ) Талал Сило.
- Тие беа заробени во специјални операции, а некои од нив се предадоа на нашите сили, истакна Сило.
Оваа недела Сириските демократски сили, коалиција од курдски и арапски милиции, прогласи победа во Рака.
Сило одби да прецизира за колкав број високи странски затвореници од Исламска држава станува збор, но рече дека во тек е испрашување од страна на разузнавачите на Сириските демократски сили.
- Постојат затвори дизајнирани само за Даеш (арапски акроним за Исламска држава). Ние не ги ставаме заедно со затворениците. Против нив се води истрага и ќе бидат предадени на судовите. Имаме независен судски систем, кој ќе им суди на секој од нив, рече Сило.
Тој посочи дека засега не е јасно дали по судските процеси, Сириските демократски сили ќе ги предадат на нивните земји, ниту дали засегнатите земји ќе ги прифатат.
- Тоа зависи од ситуацијата меѓу нас и овие земји. Може да имаме договор да ги предадеме, а можеби и немаме таков договор, наведе портпаролот.
Ново на Сител
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
