Свет
5. April 2017 - 9:21

Силен земјотрес од 6 степени во Иран

 
Многу земјотреси утрово се регистрирани на Балканот и во Европа. Се тресат Италија, Турција, Грција. Земјотресите се со јачина од 2 до 3 степени според Рихтер.
 
Силен земјотрес ова утро го погоди Иран. Потресот бил со јачина од 6 степени, а засега нема податоци за материјална штета или жртви.
 
Земјотресот е регистриран на 76 км источно од градот Машхад, на длабочина од 33 километри. 
 
По овој потрес се регистрирани повеќе потреси од 4,7 степени.