Свет
27. September 2017 - 8:14

Силен земјотрес ја потресе Јапонија

Земјотрес со интензитете од шест степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди североисточна Јапонија.

Земјотресот е регистриран во близина на пацифичкиот брег на префектурите Ивате и Аомори, на длабочина од околу 30 километри.

Се уште нема информации за евентуална штета или повредени лица, а не е издадено и предупредување за појава на цунами.

Земјотресот го погоди истиот регион како и смртоносниот потрес и цумани во 2011 година