Свет
21. January 2016 - 20:48

Силен земјотрес го погоди западното крајбрежје на Мексико

Земјотрес со интензитет од 6.9 степени според Рихтеровата скала го погоди западното крајбрежје на Мексико, на околу 260 километри западно од Сиуатлан, во сојузната држава Халиско, соопшти Геофизичкиот институт на САД. 

Земјотресот бил на длабочина од десет километри под површината на земјата. 

Засега нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета.