Свет
26. јуни 2016 - 16:26

Силен земјотрес го погоди Киргизстан

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Киргизстан, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 18 километри, во планински регион во близина границата со Таџикистан и со Кина.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртвии или приченета материјална штета.