Силен земјотрес ги потресе северните делови на Филипините
Силен земјторес со интензитет од 7,1 степени по Рихтер ја потресе филипинската провинција Абра, северно од главниот град Манила.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор нареди итно испраќање спасувачки тимови и помош во провинцијата. Се очекува тој наскоро да замине во областа зафатена од потресот.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија најпрвин соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени. По земјотресот не е издадено предупредување за можна појава на цунами.
Првично беше соопштено дека нема извештаи за жртви или материјална штета. Сепак, земјотресот што ги зафати северните делови на Филипините предизвика лизгање на земјиште, оштети објекти и принуди евакуација на луѓето од високи згради во главниот град Манила, соопштија официјални лица.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Лаганхиланг, 335 километри северно од Манила. Во градот има оштетени куќи и мостови, изјави градоначалникот Руби Виламор.
Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека некои области се без електрична енергија и телефонски врски.
„Последователни потреси се регистрираат на секои 15 минути”, изјави заменик-гувернерот на провинцијата Абра Џој Бернос.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода крадец во тетовско
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно
-
Денеска се празнува Св. великомаченик Мина
-
„Конзулката од Битола“- кукла робот во Градското шеталиште
-
Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва
-
Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ
-
Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1