-->
-->
Силекс, Струга ТЛ и Шкупи денеска ги играат првите евро-напревари
-->

Денеска трите македонски претставници во новоформираната УЕФА Конференциска лига ќе ги играат првите средби од премиерното квалификациско коло.
На теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, актуелниот освојувач на Купот на Македонија, кратобски Силекс ќе го одигра својот натпревар како домаќин против екипата на Петроклуб од Молдавија.
Натпреварот ќе започне од 16 часот, термин во кој ќе старува и средбата во Летонија, каде дебитантот на европската сцена Струга Трим Лум ќе го игра својот меч против екипата на Лиепаја.
Во вечерниот термин од 20 часот на арената „Тодор Проевски“, ќе започне и дуелот меѓу Шкупи и косовскиот претставник Лапи.
Реванш средбите ќе се играат на 15 јули.
Потсетување дека прв на европската сцена од нашите претставници настапи тимот на Шкендија кој во мечот од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите и тоа одигран во Скопје, загуби од словенечкиот претставник Мура со 0-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автомобил се запали кај „Кјуби“ | ФОТО
-
Зеленски: Русија купува време за да ја продолжи војната
-
53-годишна жена вработена во средно училиште во Центар нападната од четворица ученици
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
-
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје