-->
-->
Силекс го победи Вардар во дербито на ПМФЛ
-->

Во првата македонска фудбалска лига денеска на беа одиграни натпреварите од 26-то коло.
На дербито во Кратово, му припадна на Силекс кој со 3:2 го победи лидерот Вардар. Домаќините поведоа во 7-минута со голот на Александар Пановски, а само шест минути подоцна (13) Вардар израмни преку Бобан Грнчаров.
Во 30-минута, Игор Недељковиќ одново му носи предност на Силекс (2:1), која во 43-минута Вардар пропушти шанса да ја анулира. Имено, Драган Черан не реализираа пенал, откако неговиот ударот на од белата точка го одбрани домашниот голман Милан Митровиќ.
Во вториот дел во 73-минута црвено-црните останаа со играч помалку откако Ховханес Хамбарџумјан го заработи вториот жолт картон (автоматски црвен). Тоа знаеја домаќините да го искористат па преку Филип Дурански (78) поведоа со 3:1. Во финишот од мечот односно 90-минута одново беше досуден пенал за Вардар кој овојпат го реализира Дамир Којашевиќ поставувајќи ги конечните Силекс – Вардар 3:2.
На останатите натпревари. Тетовското дерби на реновираниот Градски стадион, го доби Шкендија која со 3:1 ја победи Ренова. Триумфи на домашен терен со 2:0 славеа и Работнички против Хоризонт Турново и Металург во дуелот со Младост Ц.Д.
Единствено Брегалница освои бод за гостинските екипа откако во Кичево против Шкупи одигра 2:2.
Табела: Вардар 64 бодови, Шкендија 62, Силекс 40, Работнички 36, Шкупи 35, Брегалница 30, Хоризонт Турново 30, Ренова 28, Металург 13 и Младост ЦД 16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
-

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон
-

УХМР издаде метеоаларм за невреме со град и ветер над 60 km/h
-

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето
-

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран
-

Невреме во регионот - Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава
-

МВР: Во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица
