Сијарто: Зеленски нема да одлучува за пристапувањето на Украина во ЕУ, туку земјите членки

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не е тој кој ќе одлучи дали таа земја ќе се приклучи на Европската Унија, туку земјите-членки.
Ваквата реакција Сијарто ја објави на Фејсбук откако Зеленски изјави дека Украина на крајот ќе стане членка на ЕУ, со или без унгарскиот премиер Виктор Орбан, и истакна дека унгарскиот народ веќе ја донел својата одлука.
- Не е претседателот на Украина тој што ќе одлучува колку е подготвена една земја за членство во Европската Унија или која земја може да се приклучи на Унијата, тоа го одлучува самата Европска Унија, каде што за ваквите одлуки се потребни едногласни ставови, изјави Сијарто синоќа, објави унгарското Министерство за надворешни работи, пренесува МТИ.
Претходно вчера, Зеленски изјави дека Украина ќе стане членка на Европската Унија без оглед на ставот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави порталот Калибар.
Тој изрази уверување дека народот на Унгарија ја поддржува Украина, дури и ако ставот на владата на земјата е различен.
Зеленски рече дека членството во ЕУ е избор на украинскиот народ и нагласи дека патот на земјата кон пристапување нема да биде блокиран од ниту една земја-членка.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
