Сијарто: „Антифа“ е закана, Европа мора да го следи Трамп
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја повика Европската Унија да го следи примерот на Доналд Трамп и да го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација.
- Унгарија е убедена дека Европа мора да ги координира своите активности со оние на Соединетите Американски Држави по толку важно прашање, објави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на „X“.
Сијарто тврди дека во последните години, поединци и групи поврзани со „Антифа“ извршиле бројни терористички напади во ЕУ, вклучително и во Германија, Франција и Италија.
„Оваа насилна мрежа на крајната левица извршила брутални напади низ цела Европа, вклучително и во Будимпешта“, рече тој.
- За наше големо жалење, осомничените потоа ја избегнале правдата наоѓајќи засолниште во земјите-членки на ЕУ кои одбиле да ги екстрадираат во Унгарија“, напиша Сијарто во писмо до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Тој тврди дека „Антифа“ претставува сериозна закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ.
Во средата, американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи движењето „Антифа“ за терористичка организација, една недела по атентатот врз ултраконзервативниот активист Чарли Кирк.
Појавувајќи се во САД по првите избори на Доналд Трамп во 2016 година, „Антифа“ е повеќе како движење отколку организирана група. Нема лидер и нема формална структура, туку неформални групи кои работат независно, објаснува американскиот историчар Марк Бреј, автор на референтна книга на оваа тема.
МИА
Ново на Сител
-
М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
-
38-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Кисела Вода
-
Прегазена 59-годишна жена во Кисела Вода
-
МВР со детали за пожарите кај Зелен пазар и Кисела Вода
-
Тихановскаја го предупредува Трамп да биде внимателен со Лукашенко
-
ЗОО Скопје: Ризикот од животинската туберкулоза за посетителите е многу низок
-
Приведен 31-годишен струмичанец за обид за разбојничка кражба со украдено возило од Неготино
-
Кривична против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица за „злоупотреба на службената положба“