Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата
Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција, каде температурите се спуштија до минус 20 степени Целзиусови, пренесуваат турските медиуми.
Поради ниските температури, обилниот снег и снежните бури, вчера беше неработен ден за училиштата во повеќе окрузи. На многу места, граѓаните се соочуваат со потешкотии во движењето поради замрзнатите патишта, објави Си-Ен-Ен Турк.
Најниската температура, минус 20,3 степени, беше измерена во градот Канакл, округ Нигде (Централна Турција). Во округот Сивас беше регистрирано минус 19,3 степени, додека во Кајсери – минус 18,5. Во источните окрузи Ерзинџан и Малатија температурата падна на минус 18,1 степен.
Обилните врнежи од снег го блокираа пристапот до многу села во источна Турција (окрузите Ван, Битлис, Муш). Властите продолжуваат со расчистување на снегот.
Граѓаните, поради студот, ги покриваат своите автомобили со ќебиња по паркирањето.
Меѓутоа, љубителите на зимските спортови се задоволни бидејќи сезоната започна порано од вообичаеното. Во скијачкиот центар Паландокен, округ Ерзурум (Источна Турција), има идеални услови за скијање, а хотелите се целосно резервирани. Зимската сезона започна два месеци порано и во скијачкиот центар Акдаг, округ Самсун.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица