Свет
1. March 2018 - 9:30

Си ја лажирале смртта за да го фатат синот, кој платил убиец за да ги ликвидира

Момче (22) од Русија е уапсено откако неговите родители докажале дека го планирал нивното убиство. Тој сакал да ги убие неговите родители и сестрата за да го добие наследството.

Полицијата дознала за неговиот план откако тој се доверил на пријател, по што му „наместиле“ полицаец кој глумел професионален убиец. Момчето на него му ги дал сите детали за неговиот дом и му понудил 54 илјади долари за убиството.

Властите тогаш се одлучиле да ги информираат родителите за планот. Тие прво не верувале, но на крајот биле одлучни да учествуваат во неговото фаќање. Родителите и сестрата позирале и се сликале прободени, со пресечени вратови и рани од куршуми за момчето да мисли дека планот успеал.

Полицаецот кој глумел убиец се сретнал со момчето и му ги покажал сликите, по што тоа го уверило дека парите ќе му ги даде штом го добие наследството. Тогаш бил уапсен.

– Сакаше да се реши од родителите бидејќи не му давале пари. Рече дека го нервирале и него разбирале, па затоа побарал убиец, рекоа од полицијата.

Синот прво се обидел сам да ги убие родителите глумејќи убиец, но тие забележале дека некој се врти околу куќата. Вториот пат се обидел со таблети за спиење, но таткото забележал дека нешто е чудно, па не ја испил чашата.

Третиот пат скршил термометар со жива во автомобилот на родителите, надевајќи се дека тие ќе се отрујат со живата.