Македонија
16. July 2022 - 19:50

Си ја истепал малолетната сестра па пробал да ја напушти државата, тетовец уапсен на ГП Блаце

На 16.07.2022 околу 01.00 часот на Граничен премин Блаце од полициски службеници бил лишен од слобода Ф.К.(24) од с.Долна Лешница-тетовско кој претходно бил пријавен дека физички ја нападнал неговата малолетна сестра и уште еден негов роднина, а потоа со патничко возило со странски регистарски ознаки се обидел да ја напушти земјата, информираа од МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.