Си-Ен-Ен: Примерот на Пекинг покажува дека Ковид-19 може да се врати во секое време
По 55 дена, откако немаше локална трансмисија во Пекинг и се сметаше дека пандемијата на коронавирус е завршена, вирусот повторно се појави на еден пазар во Пекинг, од каде се заразија 180 луѓе, пренесува Си-Ен-Ен.
За само неколку дена, метрополата од повеќе од 20 милиони жители, се најде со делумна изолација, а на сила повторно беа воведени некои мерки – затворени се училиштата, има ограничен пристап до станбени реони, излегувањето од градот е забрането за стотици илјади луѓе за кои се смета дека имаат закана од зараза.
Станува збор за досега најтежок втор удар на коронавирусот, а властите во Пекинг и натаму се обидуваат да ги утврдат причините.
„Овој пример служи како јасен потсетник за целиот свет колку лесно овој вирус може да се врати во средини каде што се смета дека е успешно контролиран“, се заклучува во извештајот на Си-Ен-Ен.
Ново на Сител
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка
-
Андоновска: Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип
-
Утре нова промена на цените на горивата