Си Ен Ен: Кашоги остро го критикувал саудискиот принц преку телефонски пораки

Американската телевизија Си Ен Ен денеска објави пораки, кои преку социјалната мрежа „Вацап“ убиениот саудиски новинар џамал Кашоги ги разменувал со активистот од Монтреал, Омар Абдулазиз, а во кои, како што се наведува, за саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман истакнал дека е „ѕвер“ кој ќе „изеде се што му е на патот, дури и оние кои го поддржуваат“.
Од повеќето од 400 пораки, кои вклучуваат видео снимки, аудио записи и фотографии, се заклучува дека Кашоги бил многу вознемирен поради дрскоста на саудискиот принц, наведува Си Ен Ен.
– Тој е како ѕверот „пакмена“, колку повеќе жртви изеде, толку сака уште повеќе, напишал Кашоги во една од пораките, кои Абдулазиз, кој исто така е саудиски државјанин во егзил, и ги доставил на телевизијата.
Кашоги додава дека не би бил изненаден доколку малтретирањето ги стигне и неговите приврзаници.
Во преписката, која траела од октомври 2017 до август 2018 година, може да се забележи и напредок „од зборови на дела“, односно дека Кашоги и Абдулазиз планирале преку интернет да го активираат младинското движење, кое ќе побара одговорност од саудиските власти.
Ново на Сител
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
-

Од 1 октомври граѓаните кои сакаат може да дадат согласност кај матичен за дарување на органите по смртта
-

Поплавени улици по силното невреме во Скопје - Комуналните екипи на терен
-

Пропаднаа измените на Изборниот законик, СДСМ ги блокираше со 10.000 амандмани
-

Реконструкцијата на Владата е заокужена - ресорите се поделени
