Си-Ен-Ен : Дефект на навигацискиот систем причина за инцидентот во Персискиот Залив
Дефектот на навигацискиот систем е причина за инцидентот со американските морнари во Перскискиот Залив, јавува Си-Ен-Ен.
Инцидентот се случи доцна синоќа, на неколку часови пред последното обраќање на претседателот на САД, Барак Обама за „состојбите во нацијата“, кога два мали американски патролни бродови на кои имало десетмина морнари, за кусо време навлегле во територијалните води на Иран.
Бродовите и морнарите, деветмина мажи и една жена, биле заробени од припадницоте на Иранската револуционерна гарда и одведени на островот Фарси.
За инцидентот, телефонски разговарале американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот ирански колега Џавад Зариф.
Според Си-Ен-Ен, Американците му се извиниле на Иран за инцидентот, за кој се тврди дека бил ненамерен и предизвикан од технички проблеми.
Извинувањето на САД го споменува генералот на Иранската револуционерна гарда, Али Фадави кој инцидентот и грешката на американските морнари ја оквалификува како „непрофсионалност„.
Генералот Фадави, сепак, рекол дека Американците „наскоро ќе бидат ослобдени“ не прецизирајќи кога тоа ќе се случи.
Американски извори на кои се повикува Си-Ен-Ен изјавиле дека се верува оти морнарите ќе бидат пуштени во текот на денешниот ден.
Во Вашингтон се веруваше ослободувањето на морнарите да се случи уште во текот на изминатата ноќ, додека претседателот Обама им се обраќаше на Американците, но набргу стана јасно дека морнарите ќе мора да поминат една ноќ на иранска територија.
Од американака страна нема потврда дека државниот секретар Кери им се извинил на иранските власти за инцидентот во Персискиот Залив.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење