Си Џинпинг го отвори Конгресот на кинеската Комунистичка партија, на кој го очекува третиот мандат
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го отвори конгресот на Кинеската Комунистичка партија, а во обраќањето пред околу 2.300 делегати во Големата сала на народот во Пекинг повика на подмладување на кинеската нација и проширување на „социјализмот со кинески карактеристики”, јави ДПА.
Фокусот на партискиот конгрес, што се одржува на секои пет години, е проширување на моќта на Си, бидејќи тој сака да обезбеди уште еден мандат како генерален секретар на партијата.
Делегатите, кои речиси никогаш не се согласуваат со Политбирото на партијата, се очекува да ја вградат личната идеологија на Си во уставот на партијата и да изберат нов централен комитет.
По еднонеделните дебатирања се очекува на пленарна седница на новиот Централен комитет, лидерот на партијата да биде потврден за нов, трет петгодишен мандат.
Со непочитувањето на ограничувањата на мандатот 69-годишниот претседател прави досега невиден преседан во кинеската политика, додека правилата за старосната граница и ограничувањата на мандатот ќе се применуваат за членовите на Политбирото, највисокото тело на партијата во кое се креираат државните политики, пренесува ДПА.
Кадровските промени во раководствота на партијата ќе бидат и увертира за следниот годишен состанок на кинеската Влада, што се очекува да се одржи во март, а кога треба да се избере нов премиер и да се формира новата влада.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември