Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, ќе се жалиме и за пресудата и за притворот
Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски смета дека казната за неговиот клинетот е драконска. Најави дека ќе се жалат кога ќе ја добијат пресудата, како и на решението за затворски притвор.
-Сметам дека казната е драконска. Да се даде максимум за секое поединечно кривично дело каде што е поднесен обвинителен предлог навистина е правен преседан. Нема да најдете во аналите на правосудството ниедна пресуда каде што за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор, изјави Шврговски денеска пред Кривичниот суд по објавата на пресудата за „Таргет-Тврдина“.
Во однос на одлуката на Судот за притворот, вели дека е спротивнa од законот, бидејќи при определена мерка домашен притвор, без притоа да биде повредена обврска, да се определи мерка притвор, смета дека е спротивно на член 470, бидејќи Мијалков е обезбеден, се наоѓа во домашен притвор, и не постои можност да се даде во бегство.
– Мијалков може да биде во притвор најмногу 60 дена. Тој има решение за домашен притвор, а не можат да го однесат во ефективен притвор пред да му биде доставено ново решение, рече Шврговски.
Притоа не сакаше да ги коментира случувањата од изминатава недела во врска со неговиот клиент.
Основниот кривичен суд Скопје во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК денеска изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица.
На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков Судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.
Ново на Сител
-

Врнежите ја пролонгираа есенската сеидба
-

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
