-->
-->
Шведски фудбалер обвинет за местење натпревари
-->
Шведското Обвинителство подигна обвинение против четири лица, вклучувајќи двајца фудбалери, поради вмешаност во местење натпревари.
Како што јавија локалните медиуми, меѓу обвинетите е поранешниот фудбалер на шведскиот прволигаш Елфсборг, Павел Цибиски, како и уште еден играч од пониските лиги.
Цибиски се товари дека примил поткуп во износ од 30.000 евра во замена намерно да добие жолт картон на натпреварот од шведското првенство против Калмар во мај 2019.
На Цибиски, кој во минатото настапуваше за шведската репрезентација до 21 година, ќе му се суди за „пасивно подмитување“ и „кршење на законот за игри на среќа“.
Доколку бидат прогласен за виновен му се заканува казна затвор од две години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата