Loading Video...
Свет
15. September 2022 - 16:45
Шведската премиерка поднесе оставка по победата на десницата на изборите
Шведската социјалдемократска премиерка Магдалена Андерсон поднесе оставка по поразот на парламентраните избори, на кои десничарскиот блок освои тесно мнозинство. По речиси сите преброени гласови, десното крило кое го сочинуваат шведските демократи, конзерватината Умерена партија, демохристијаните и либералите освои 176 од 349 пратенички мандати а централно левиот блок на премиерката 173.
Малиот број гласови кои се уште не се преброени не може да го промени конечниот исход од изборите истакна Андерсон. Водачот на умерените Улф Кристерсон сега се очекува да формира влада а турските власти ја повикаа новата шведска влада да преземе мерки против терористичките групи доколку сака влез во НАТО.
-
Емилија Штејров
Сите содржини од овој новинар
-->
-->