Свет
10. October 2024 - 13:03

Шведската полиција истражува вооружен инцидент во близина на израелска фирма во Гетеборг

Шведската полиција соопшти дека истражува инцидент со огнено оружје во близина на израелски објект во градот Гетеборг.

Шведската национална телевизија јави дека пукотница имало во близина на израелската одбранбена компанија „Елбит системс“ (Elbit Systems), но оти во инцидентот нема повредени лица.

На местото на инцидентот е уапсен млад човек под сомнение за убиство во обид и сторено тешко дело со огнено оружје. Но полицијата одби да коментира која била наводната цел.