Шведска размислува за промена на валутата

Откако се приклучи на НАТО пред речиси две години, покрај снегот, Шведска ја поминува и оваа зима размислувајќи за воведувањето на еврото. Сепак, патот до промена на валутата е долг, а владејачката коалиција за почеток најавува анализа на предностите и недостатоците од таков потег.
По Бугарија, која го воведе еврото на 1 јануари оваа година, се чинеше дека иднината на проширувањето на еврозоната, барем привремено, нема перспектива. Сепак, шведската министерка за финансии Елизабет Свантесон за време на дискусијата во парламентот најави отворање на дебатата за воведување на еврото.
„Потребна е опсежна анализа на предностите и недостатоците, вклучително и разгледување на безбедносната состојба“, рече Свантесон во шведскиот Парламент.
Сепак, како што најави, нема да го отвори прашањето пред парламентарните избори што ќе се одржат во септември.
Освен Модерат, во владејачката коалиција на десничарски партии, започнувањето на дебатата за воведување на еврото е поддржано и од Партијата на центарот и либералите.
Сите четири партии од левичарската опозиција, предводена од Социјалдемократската партија, се противат на воведувањето на еврото.
Граѓаните го покажаа своето противење на промената на валутата и на референдумот во 2003 година. Со висока излезност од 82 проценти, 55 проценти од гласачите гласаа против воведувањето на еврото.
Слично расположение имаше и меѓу партиите за промена на валутата, освен што Социјалдемократската партија не зазеде став во тоа време поради внатрешни несогласувања.
Сепак, според договорот за пристапување кон Европската унија, Шведска е должна да го воведе еврото. Нема рок за ова, а Шведска одби да влезе во програмата за исполнување на критериумите за конвергенција (ERM II), па затоа нема ниту можност да воведе заедничка валута.
Освен Шведска, Данска, Унгарија, Полска, Романија и Чешка не го користат еврото во Европската унија.
Само Данска не е обврзана да го воведе еврото, бидејќи беше ослободена со Мастришкиот договор од 1992 година, а Данците ја отфрлија таквата опција на референдумот во 2000 година.
Останатите четири земји во моментов не планираат да започнат со примена на критериумите за конвергенција, поради што не се очекува да го прифатат еврото во скоро време.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
