Шведска ги повика локалните власти да се подготват за евентуална војна
Шведската Влада ги повика локалните власти ширум земјата да ги забрзаат подготовките на плановите за евентуална војна додека се зголемуваат тензиите со Русија, изјави шефот на службата за информирање при Агенцијата за вонредни ситуации, Сванте Вергер.
- Во врска со тоа локалните власти добија известување ова недела, истакна Вергер.
Руското анексирање на Крим и судирот во источниот дел на Украина ја загрижуваат Шведска и нејзините соседи, а шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист минатиот месец изјави дека ситуацијата и понатаму се влошува.
- Планирањето за закана од војна во пракса, во голема мера, недостасува уште од 2000 година. Состојбата сега е поинаква и одредбите ќе бидат построги, нагласи Вергер.
Подготовките ќе вклучуваат учество на локалните претставници во вежбите на војската, обезбедување на доверливи комуникации и проверка на засолништата.
Шведска, која не е членка на НАТО, постојано работи на зајакнување на своите вооружени сили.
Ново на Сител
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25