Шведска донација за Клиничка болница Битола
Хуманитарната организација за помош и солидарност од Шведска денеска додели медицинска опрема и материјали на Клиничката болница во Битола.
Директорот на медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“-Битола, Василе Најдовски информира дека станува збор за медицинска опрема и помагала како дел од континуираната соработка меѓу битолската Клиничка болница и пријателите што ги има овој регионален здравствен центар во Шведска.
- Донацијата е разновидна и притоа добивме кревети, душеци, медицински помагала, електрични колички и две анестезиолошки машини за респирација, истакна Најдовски на денешната прес конференција во Клиничка болница-Битола.
Хумантарната организација за помош и солидарност донира во 25 држави во светот и, како што истакна нејзиниот претставник Ларс Шуберк, желбата за поддршка на граѓаните во Македонија ќе продолж. Очекуваат институционално олеснување на постапката и процедурите при доделување на хуманитарна помош од Шведска во Македонија.
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ