-->
-->
Шварценегер на итна операција на срцето
-->
Познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, имал итна операција на отворено срце, соопшти сајтот ТМЗ.
Актерот вчера бил примен во Медицинскиот центар „Сидарс Синај“ во Лос Анџелес за замена на срцев залисток со експериментална метода, но поради компликации при зафатoт, лекарите одлучиле да му го оперираат сцето.
Состојбата на филмската ѕвезда сега е стабилна.
За 70-годишниот Шварценегер ова не е првпат да му биде извршена операција на срцето. Нему му беше сменет срцевиот залисток во 1997 година.
Тогаш лекарите сметаа дека интервенцијата не е потребна, но актерот инсистираше да го направи тоа додека е уште млад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила